Скопје 16. април 2020. / 10:52

ЈСП утре ќе сообраќа во две смени, по неделен возен ред

ЈСП утре ќе сообраќа во две смени, по неделен возен ред

ЈСП соопшти дека утре (17 април) јавниот превоз ќе сообраќа во две смени, од 5 до 9 часот, па од 13 до 16 часот, но, по неделен возен ред.

Пример за преглед, согласно неделен возен ред, линијата 5 почнува да сообраќа од 5.10 ч, па се реализираат сите термини се до последниот термин во 9 часот, односно 5.35 часот, 6 ч., 6.25 ч., 6.43 ч., 7.01 ч., 7.19 ч., 7.37 ч., 7.55 ч., 8.13 ч. и 8.31 ч., па продолжува 12.43 ч., како прв наведен термин од 13 ч., па 13.01 ч., 13.19 ч., 13.37 ч., 13.55 ч., 14.13 ч., 14.31 ч., 14.49 ч., и последен наведен пред 16 часот, 15.07 часот.

Дежурни утре ќе бидат две билетарници и еден центар за персонализација. Од 7.30 до 14 часот ќе работат билетарниците на Зелено пазарче и во Ѓорче Петров, а во истиот период отворен ќе биде и центарот за персонализација на Транспортен центар.

Услугите на ЈСП Скопје можат да се купат и во над сто трафики и маркети, дел од секундарната продажна мрежа на ЈСП Скопје

Согласно одлуката на Владата за забрана на движење на сите граѓани во период од 16 часот во петок, па до 5 часот во вторник (21 април), јавниот превоз нема да функционира. Во истиот период затворени ќе бидат сите билетарници и центри за персонализација на ЈСП Скопје, стои во соопштението.