Скопје 29. март 2019. / 15:19

ЈСП со изменет режим за недела за линиите 8, 15А и 18

ЈСП со изменет режим за недела за линиите 8, 15А и 18

В недела (31.03.2019 година), во период од 8 до 12 часот, поради одржување на Женска трка, автобусите на линиите 8, 15А и 18 ќе имаат изменет режим на сообраќање, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Затворен за сообраќај ќе биде булевар „Илинден“, од крстосницата со булевар „Климент Охридски“ до крстосницата со булевар „8 Септември“ (кај МИ-ДА). Затворен за сообраќај ќе биде и булевар „8 Септември“, на потегот од вкрстувањето со булевар „Партизански одреди“ до вкрстувањето со булевар „Илинден“.

Автобусите на посочените линии ќе ги користат околните сообраќајници.