Скопје 15. март 2019. / 10:31

JСП прави измени на возниот ред на линија 21

JСП прави измени на возниот ред на линија 21

Ја информираме јавноста дека од денеска, петок 15.03.2019 година, линијата 21 (Транспортен центар-Бардовци) ќе има измени во возниот ред во вечерните часови.
Имено, во петок и сабота, досегашниот термин 22.50 часот, се поместува во 23.05 часот.

Во случајов, ЈСП Скопје го исполнува барањето на жителите од Бардовци кои официјално поднесоа иницијатива автобусот на посочената линија да сообраќа подоцна за време на викендите.

ЈСП Скопје ја донесе одлуката по направените анализи на терен во соработка со Град Скопје, процедура која е неопходна при било какви измени на утврдениот единствен возен ред.