Јавното претпријатие водовод и каналазација информира дека има воведено единствен телефонски број (02/3073 010) на кој жителите на Град Скопје ќе може да пријавуваат проблеми за време на вонредната состојба.
Оттаму додаваат дека во текот на месец март сектоот Водовод интервенирал 1129 пати, 94 од нив биле улични дефекти, а 361 дефект на шахти . Секторот Канализација на ова јавно претпријатие извршил 29.155 интервенции, од кои 11.878 проверки на шахти и 13.453 изведби на површинско чистење на решетки од сливници, а бројат и 249 изведби за отпушување на канализација.
-Секторот Механизација вршеше секојдневно опслужување со механизација и со возила на сите сектори. Во Дежурно информативниот центар се пријавија и реализираа 1.124 интервенции, информира претпријатието, велат од ЈП Водовод и канализација-Скопје.
Секторот за санитарна контрола извршил 1.605 хемиско-бактериолошки анализи на примероци од вода од земените примероци од градскиот водоснабдителен систем (742 физичко-хемиски и 742 микробиолошки анализи), се вели во месечниот извештај на ЈП Водовод и канализација-Скопје.
Во однос на месечните активности, ова претпријатие информира дека нивниот Секторот за технички работи и развој минатиот месец работел на 16 основни проекти и тоа: 10 за водоводна мрежа, три за фекална мрежа, три за атмосферска мрежа, направил две реконструкции на водоводна мрежа и една дислокација на мрежата, се со цел подобрување и унапредуавње на инфраструктурата, информираат од ова јавно претпријатие за неговите активности во месец март.