Скопје 07. септември 2020. / 16:00

Јавниот превоз утре ќе сообраќа по неделен возен ред

Јавниот превоз утре ќе сообраќа по неделен возен ред

ЈСП „Скопје“ информира дека утре јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред поради празникот 8 Септември – Ден на независноста.

Дежурни ќе бидат три билетарници, кај Транспортен центар и кај Зелено пазарче со работно време од 7 до 19:30 часот и во Ѓорче Петров, со работно време од 7 до 13 часот.