Скопје 22. октомври 2018. / 09:28

Изменета траса на линија на ЈСП

Изменета траса на линија на ЈСП

Автобусот со број 28 на ЈСП од денеска ќе сообраќа по изменета траса од досегашната, поради затворање на комплексот „Македонско село“.

-Се менува почетната станица, место од Транспортен центар, автобусот ќе тргнува од почетната станица на линија 4А (улица„Лондонска“). Крајна станица и понатаму ќе биде Горно Нерези („Македонско село“). На линијата ќе сообраќа и минибус, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.