Скопје 25. ноември 2020. / 08:58

Изложба на ромски носии од Скопје

Изложба на ромски носии од Скопје

Изложба на ромски носии од Скопје и мултимедијална изложба за ромските занаети од антропологот Даниел Петровски денеска ќе бидат отворени во Галеријата „КО-РА“ во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје.

Ќе биде изложена празнична, свадбена и секојдневна носија. Се работи за проект на Здружението „Рромано Ило“- Скопје во соработка со Домот на култура „Кочо Рацин“ – Скопје и Музејот на Северна Македонија со поддршка на Министерство за култура.

Концертот со теми од ромската музика ќе се одржи утре, од 16 часот во новиот салон сутерен на Галерија „КО-РА“ во Домот на култура „Кочо Рацин“ – Скопје.