Скопје 04. април 2018. / 15:46

Хуманитарен базар во храмот „Св. Петка“

Хуманитарен базар во храмот „Св. Петка“
– По повод Велигденските празници утре во црквата „Св. Петка“ во Скопје, ќе биде одржан хуманитарен базар во организација на Здружението на слепи лица Скопје и општина Кисела Вода.
На настанот, што ќе почне во 10 часот, од страна на членовите на Здружението ќе бидат изложени изработени и декорирани велигденски погачи, пити, колачи, велигденски јајца и други рецепти, кои го симболизираат најголемиот христијански празник Велигден.
Најдобрите изработки ќе добијат парични награди кои ги обезбеди општина Кисела Вода.