Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, го најави проектот за хумани патроли што треба да овозможи зголемена грижа и нега за највозрасните, изнемоштени лица, домашни посети и медицинска поддршка.
Локалната самоуправа за овој проект аплицирала до Министерството за труд и социјална политика и во 2020 година се очекува негова реализација.
Градоначалникот Богоев најави и отворање два нови пензионерски клуба. Им посака на пензионерите среќни празници и мирна година, исполнета со здравје, среќа и благосостојба и истакнал дека Општината ќе продолжи да биде партнер на највозрасните.