Скопје 12. јануари 2021. / 11:22

Хоспитализирани нови 24 пациенти во скопските ковид-центри

Хоспитализирани нови 24 пациенти во скопските ковид-центри

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализрани уште 24 пациенти поради компликации од корона вирусот, во истиот период како оздравени отпуштени се 25 лица.

Вкупно 333 пациенти сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Како што соопшти Министерството за здравство, во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми и тоа по еден пациенти бил хоспитализиран на Клиниката за уво, нос и грло, на Клиниката за дерматологија, на Клиниката за гастроентерохепатологија и на Очната клиника. Двајца болни се примени на Клиниката за неврологија и тројца на Клиниката за нефрологија.

Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември” имало пет нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника девет во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 25 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид – центарот се лекуваат 19 пациенти, на Клиниката за неврологија 20 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 18 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид – центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 21 пациент, на Клиниката за очни болести шест пациенти, а на ОРЛ 17 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 24 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 93 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 88 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 25 пациенти.

Вкупно 333 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 190 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, соопшти Министерството за здравство.