Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 33 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 262 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало осум приеми.
Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 10 нови приеми на пациенти и 10 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени пет пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 29 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид – центарот се лекуваат 23 пациенти, на Клиниката за неврологија 23 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 16 пациенти со симтоми на коронавирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 77 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 95 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 28 пациенти. На ГАК нема хоспитализирани ковид позитивни пациентки.
Вкупно 262 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и изутрината до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, се наведува во соопштението.