Скопје 22. февруари 2021. / 12:25

Хоспитализирани 10 нови пациенти во ковиц-центрите во Скопје за 24 часа

Хоспитализирани 10 нови пациенти во ковиц-центрите во Скопје за 24 часа

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализрани 10 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 248 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало еден прием.

Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало пет нови приеми на пациенти и четири на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени седум оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид – центарот се лекуваат 21 пациент, на Клиниката за неврологија 12 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 25 пациенти со симтоми на коронавирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 76 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 88 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 25 пациенти и на ГАК една хоспитализирана ковид позитивна пациентка.

Вкупно 248 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и изутрината до 8 часот имало 100 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, стои во соопштението