Изградбата на булеварот Борис Кидрич e стопирана, а луѓето кои живеат во речиси – урнатата зграда, на чие место треба да поминува сообраќајницата, не можат да изградат нова.
Проблемот на станарите во старата зграда во Мичурин и понатау без решение. Заглавени во формално – правните лавиринти се уште не добиле конкретен одговор од релевантните институции.
Продолжува борбата на станарите за подобри услови за живеење, бидејќи се плашат дека оваа зграда нема да издржи уште долго. Локалните власти молчат и не нудат конкретно решени за овој проблем.
Не наидовме на никаков прием ниту од Општина Аеродром, ниту од Град Скопје, едноставно градоначалникот Марин не не удостои да не прими во неговите простории да поразговараме за нашите проблеми. Еве повторно отидовме со надеж дека ќе не прими, и повторно истиот одговор. Праќа претставници од кабинетот кои не даваат конкретни одгвори – вели Светлана Филиповска – станар
На жителите, согласно ГУП 2012 година, им била доделена маркица за изградба на нова зграда позади сегашната, но на тој простор се приватизирани само 60 квадратни метри. Станарите бараат од општината да им додели нова маркица.
Што се однесува до доделувањето на нова маркица, тоа може да се случи по измената на ГУП-от на Град Скопје, со што може да почне постапка за менување и на деталниот урбанистички план – велат од Општина Аеродром.
Но измената на генералниот урбанистички план ги кочи граѓаните да си изградат зграда, па се уште живеат во рушевините на сегашната.. исплашени се, како ќе ги преживеат есента и зимата, кога временските услови ќе бидат полоши од сега. Од Град Скопје велат дека дури кога ќе се изгради сообраќајницата, ќе се спроведе постапка на експропријација на приватното земјиште и тогаш ќе може да се изгради нова зграда. Во однос на проблемот за реализација и изградба на оваа сообраќајница, од Град Скопје велат дека во наредните години ќе се обидат да обезбедат финансиски средства за изградба – што го вклучува алармот, до кога станарите ќе живеат во мизерни услови.