Скопје 24. февруари 2021. / 16:00

Градоначалникот на општина Центар, Богдановиќ е позитивен на коронавирус

Градоначалникот на општина Центар, Богдановиќ е позитивен на коронавирус

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ попладнево објави дека е позитивен на Ковид-19.

И покрај заштита за целото време на пандемијата на КОВИД-19, резултатот од тестот кој го направив утринава, откако почувствував покачена телесна температура е позитивен. Останувам во домашна изолација и ги следам инструкциите на лекарите. Вирусот е опасен и непредвидлив.Одржувајте дистанца, носете заштитни маски и почитувајте ги препораките на надлежните институции, затоа што само така, сите заедно, можеме да излеземе од борбата против пандемијата на КОВИД- 19, објави Богдановиќ на својот Фејсбук профил.

Почитувани сограѓани,

И покрај заштита за целото време на пандемијата на КОВИД-19, резултатот од тестот кој го…

Posted by Саша Богдановиќ on Wednesday, February 24, 2021