Скопје

Град Скопје започна со брендирање на градот

Град Скопје започна со брендирање на градот

Во Музејот на современа уметност вчера и денеска се одржа семинарот „Иновативно брендирање на градовите“ – Градење и комуницирање на компетитивни локални идентитети, чија цел е да покаже дека брендирањето на градовите е основа за нов начин на нивна промоција и развој.

Овој семинар претставува и прв чекор од процесот на брендирање на Град Скопје. Процес во кој Градот Скопје ќе работи со сите засегнати страни со цел креирање на заедничка приказна како основа за брендирање на главниот град.

– Во оваа фаза, Градот Скопје ги повикува сите засегнати страни со свои предлози да учествуваат во креирањето на новата приказна, наведуваат од Град Скопје.

На семинарот учествуваа претставници од градската администрација, агенцијата за промоција на туризмот, јавните претпријатија, културните институции, архитекти, урбанисти, туристички работници и графички дизајнери.

Семинарот е во организација на „Лабораторија за урбано живеење“ (Урбан ливинг лаб) и беше организиран во рамките на европскиот проект РОК – регенерација и оптимизација на културното наследство во креативните градови финансиран од Европската програма за истражување и иновации Хоризонт 2020.

Проектот „РОК“ се фокусира на историските центри во градовите кои ќе ги користи како „теренски лаборатории” на културното наследство и да покаже како тоа може да биде уникатен и моќен двигател на возобновување, одржлив развој и економски раст за целиот град. Во овој проект учествуваат 36 партнери од 13 земји