Со кредит од ЕБРД, Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ќе добие нови 40 еколошки автобуси на гас. Постапката за набавката е почната вчера. Тендерот се очекува да биде распишан наесен, а договорите за новите автобуси да бидат потпишани до крајот на годината.
„Од вчера официјално ја почнавме постапката за набавка на 40 нови еколошки автобуси на гас кои ќе го променат јавниот транспорт во градот и нема да ја загадуваат околината. Управниот одбор со поддршка на ЈСП и Град Скопје ја почна постапката за добивање кредит од Европската банка за обнова и развој во висина од 10 милиони денари со еден отсто камата, три години грејс период и седум години отплата, а за кое задолжување ја добиваме и државната гаранција„ соопшти денес а на прес-конференција градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.
Според Шилегов, ова е само почеток на решавање на деценискиот проблем со јавниот транспорт и загадувањето во Скопје, кое со овој проект станува современа европска метропола.