Скопје 09. март 2020. / 13:36

Град Скопје ќе ја отстрани галијата кај МЕПСО ако тоа не го направи сопственикот за 30 дена

Град Скопје ќе ја отстрани галијата кај МЕПСО ако тоа не го направи сопственикот за 30 дена

Град Скопје најави дислоцирање на галијата кај МЕПСО. Тоа е должен да го направи сопственикот на галијата која веќе две години не работи. Доколку самиот не го стори тоа во рок од 30 дена, тоа ќе го направи Градот на негов трошок.

-Сите анализи и студии што ги направивме укажуваат дека објектите од проектот „Скопје 2014“ кои што се наоѓаат внатре во коритото на Вардар – галиите, сериозно можат да ја загрозат безбедноста од поплави, со тоа да нанесат материјална штета и да ги загрозат животите и здравјето на граѓаните, рече Шилегов

Дислокацијата на овој објект е втората активност што ја презема градот, по отстранување на споменикот на Ќосето.

– Јас очекувам дека и во иднина ќе се создаваат услови, без да имаме финансиски импликации по буџетот на градот или по буџетот на централната власт, да ги отстраниме овие објекти од коритото на реката Вардар. Веќе ги отстранивме фундаментите од таканареченото Панорамско тркало, сега го отстрануваме и бродот што се наоѓа непосредно до Панорамското тркало, со што ги спречуваме можните последици и го враќаме ликот на градот, рече Шилегов.