Скопје 04. јануари 2019. / 17:11

Голема полициска акција во Бутел запленети 300 килограми марихуана

Голема полициска акција во Бутел запленети 300 килограми марихуана

Полицијта запленила околу 300 килограми марихуана во домот на скопјанец во населбата Бутел, информираше МВР.

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје денеска (петок 4.1.2019), врз основа на судска наредба, а по претходно добиени сознанија од преземени мерки и активности, изврши претрес во домот на Х.Е. (30) од Скопје, општина Бутел.

При претресот пронајдени се 229 кеси со марихуана со вкупна тежина од околу 300 килограми. Х.Е. е приведен, а марихуаната е предадена за вештачење и мерење.

По целосно документирање на случајот, против Х.Е. ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Скопје поради основано сомневање за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ предвидено во член 215 став 1 од КЗ на РМ.