Екипи на ЕВН Македонија се уште се на терен и го решаваат проблемот кој попладнево го остави речиси половина Скопје без електрична енергија.
Од ЕВН објаснуваат дека станува збор за голем дефект на 110-киловатна трафостаница Запад, од која се напојуваат скопските населби Кондово, Ѓорче Петров, Влае, Тафталиџе и Карпош.
Во меѓувреме дел од корисниците се префрелни во други напојни точки со цел што побрзо да им се овозможи снабдување со електрична енергија.