Скопје 17. февруари 2021. / 12:43

Георгиевски: Нема улица за Славко Јаневски? Добро, ај да си праиме муабет за идентитетот, јазикот, Бугарите

Георгиевски: Нема улица за Славко Јаневски? Добро, ај да си праиме муабет за идентитетот, јазикот, Бугарите

Новинарот и колумнист, Ѕвездан Георгиевски, кој воедно е и извршен директор на фондацијата „Славко Јаневски“ преку фејсбук објава реагира на најавеното масовно преименување на улиците во Град Скопје.

Меѓу 570-те нови имиња, нема улица за Славко Јаневски, реагира новинарот, кој иронично во постот пишува „ај да си правиме муабет за идентитетот, јазикот, Бугарите.

 -Нема улица за Славко Јаневски? Нема! Нема место меѓу 570 нови имиња на улици за Славко Јаневски? Нема! Добро, ај да си праиме муабет за идентитетот, јазикот, Бугарите итн, пишува Георгиевски.

Нема улица за Славко Јаневски? Нема! Нема место меѓу 570 нови имиња на улици за Славко Јаневски? Нема! Добро, ај да си праиме муабет за идентитетот, јазикот, Бугарите итн.

Posted by Zvezdan Georgievski on Tuesday, February 16, 2021

 

Ова следува откако Советот на Град Скопје на претстојната седница најави дека ќе расправа за дополнување на Листата на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на Град Скопје. Дел од улиците во Скопје ќе бидат именувани по Дејвид Боуви, Аполо 11, „Медена земја“, Есма Реџепова, а дел од улиците ќе добијат имиња и по основачите на Голема Албанија.