Бројот на активни случаи со Ковид-19 во државата изнесува 15.975 од кои најголем број 7410 се во Скопје, покажуваат податоците за состојбата на висусот, што денеска ги соопшти Министерството за здравство.
Најголем број активни случаи по општини во Скопје има во Аеродром -1161. По него следи Гази Баба – 1007, Карпош – 987, Центар – 956, Кисела Вода – 922, Ѓорче Петров – 595, Чаир – 444, Бутел – 389, Шуто Оризари – 123, Илинден – 183, Сарај – 81,Чучер Сандево – 65, Петровец –73, Сопиште – 57, Зелениково -42, Студеничани – 36, Арачиново -20. 119 се странци, а нераспределени се 150.