Скопје 05. март 2019. / 13:11

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Покрај патеката на скопскиот кеј ѓубре на сите страни

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Покрај патеката на скопскиот кеј ѓубре на сите страни

Скопскиот кеј на реката Вардар кој го користат илјадници скопјани за спорт и рекреација е во катастрофална состојба.

Ѓубре насекаде, руинирана урбана опрема, прегорени светилки и апсолутна негрижа, го комплетираат хаосот кој владее тука.

Со затоплувањето на времето и зголемувањето на бројот на рекреативци, но и на професионални спортисти кои спортуваат тука, ваквиот однос на влатите кон ова место е апсолутно недопустлив.