Скопје 26. април 2018. / 16:25

(ФОТО) Змии шетаат по улица во Карпош 4

(ФОТО) Змии шетаат по улица во Карпош 4

На Фејсбук страните на „Женски домаќински муабети“ и „Миленичиња – улични и домашни“ пред малку беа споделени фотографии од смок на улиците на Скопската населба Карпош 4.

Некоја од совесните граѓанки апелираше дека низ улиците на Карпош веќе се појавиле змии, и побара некој кој знае да ја информира дали е некој од поопасните видови на змии, па во коментар доби објаснување дека станува збор за смок, кој е доста опасен по животот на човекот.

Објавата на одговорната сограшанка изгледа ВАКА:

„Драги пријатели,

Не се разбирам многу во влекачи и змии, но во Карпош 4 во близина на кејот на Вардар (и тоа на тротоарот пред зграда) е видена змија, не е мала, не знам дали е отровна или не, во секој случај е језива,

Па само да ви кажам внимавајте на своите миленици и дечиња  :)“