Скопје 20. февруари 2019. / 11:54

(ФОТО) Во Аеродром се појавија транспаренти: Силјановска е жена спремна да води нација!

(ФОТО) Во Аеродром се појавија транспаренти: Силјановска е жена спремна да води нација!

Подмладокот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, доцна синоќа постави транспаренти во Аеродром на кои пишува “Жена спремна да води нација” и “Новата мајка на нацијата Гордана С. Давкова”.

Младите од УМС Аеродром, ги поставиле транспарентите во знак на поддршка за кандидатката која беше избрана на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, која се одржа во саботата во Струга.