После реакциите кои се појавија во јавноста предизвикани од фотографијата од студентскиот дом Пелагонија, на која се гледа дека студентите направиле депонија во дворот, од ѓубрето кое самите го фрлале од прозорците, студентите кои престојуваат во домот во Кисела Вода сами ја исчистија депонијата.
За денеска напладне беше најавена акција на ЈП Комунална хигиена за расчистување на овој извор на зараза под прозорците.