Скопје 02. април 2020. / 12:55

(ФОТО) Снегот вчера бутна 22 дрва во Скопје, дел од нив паднаа врз возила

(ФОТО) Снегот вчера бутна 22 дрва во Скопје, дел од нив паднаа врз возила

Поради обилните врнежи од снег во текот на изминатото деноноќие на територијата на Скопје се евидентирани вкупно 22 паднати дрвја, 17 во населени места, а другите 5 дрвја се во градскиот парк, информираат градските власти

-Екипите на Градот Скопје и јавните претпријатија веднаш излегоа на терен и ги расчистуваат паднатите гранки и дрвја, а се санираат и скршените гранки коишто висат од дрвјата и претставуваат опасност за минувачите, соопштија од Град Скопје.

Оттаму апелираат граѓаните да бидат внимателни и претпазливи при движењето покрај дрвја и дрворедите, но и да имаат трпение додека траат активностите за расчистување на штетите предизвикани од обилните врнежи на снег.

На дел од фотографиите кои денеска на фејсубк ги сподели Град Скопје може да се забележи дека некои од паднатите дрва завршиле врз паркирани возила.