Скопје 30. август 2020. / 19:43

(ФОТО) Скулптура на гол маж никна во центарот на Скопје

(ФОТО) Скулптура на гол маж никна во центарот на Скопје

Гол маж го гушка семафорот на крстосницата на улиците „Илинденска“ и „Ленинова“ и ги вади од памет скопјани, пренесува Република.

Всушност, станува збор за скулптура, која од далеку изгледа како вистински човек и која предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Скулптурата е намчкана со боја, а човекот во раката држи кеса.

Засега не се знае кој ја поставил скулптурата, а тоа не го направиле градските ниту општинсите власти.