Во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“ интензивно се работи на подобрување на инфраструктурата. Се прави уште една лента на главниот влез за возила за Итната медицинска помош, како и нова улица зад Клиниката за инфективни болести.
Од Град Скопје утрово информираа дека се привршува со изградба на посебниот влез во Клинички центар за возилата на брза помош и посебен влез кон Инфективна клиника.