Скопје 08. април 2020. / 12:54

(ФОТО) Се дезифинцираат јавните површини во Аеродром

(ФОТО) Се дезифинцираат јавните површини во Аеродром

Службите на Општина Аеродром денеска продолжија со дезинфекција и чистење на јавните површини како една од мерките за заштита од Ковид-19.

Како што информираат од општината, со специјално возило денеска биле дезинфицирани Детската улица „Тоше Проески“, патеките, просторот меѓу зградите во Ново Лисиче, јавната површина зад „Три бисери“ и спортските игралишта.

Од општината упатуваат апел до граѓаните да се остане дома и да се почитуваат препораките од Министерството за здравство.