Скопје 23. март 2020. / 12:56

(ФОТО) Поради редуцираниот градски превоз автобусите полни со луѓето

(ФОТО) Поради редуцираниот градски превоз автобусите полни со луѓето

На социјалните групи утрово осамнаа фотографии од градски автобуси во Скопје, преполни со луѓе. Некои од нив носат заштитни маски и ракавици, а некои не.

На фотографиите може да се забележи дека во автобусите буквално нема место да се влезе, а во време на епидемија на корона вирус, една од мерките која строго треба да се почитува, освен седењето дома, е и задолжително растојание меѓу граѓаните од најмалку 1,5 метар, а во автобусите тоа не е пример, иако истите, како што објавија од ЈСП, редовно се дезинфицираат.

Покрај луѓето кои мораат да стигнат на своите работни места, можат да се забележат и граѓани кои имаат повеќе од 55-60 години, кои според анализите и препораките на Светската здравствена организација и според статистиките направени од најпогодените земји во светот од Ковид-19, се во најризичната група кај која е забележен највисок степен на смртност.

Јавниот градски превоз вози со редуциран возен ред, но некои граѓани поради видот на работата не можат на работат од дома и треба да се појават на своето работно место.