Шокирачки фотографии стигнале во редакцијата на Курир од еден читател за состојбата на Урбан Парк во општина Центар. Имено на фотографиите се гледа стадо овци како пасе во зелената површина, а надлежните служби на општина Центар никаде ги нема.
„Урбан парк” се наоѓа на улица „Јордан Мијалков”, спроти Геолошкиот завод и е на оддалеченост од стотина метри од плоштадот. Тој е целосно уништен, а сега гледаме дека е претворен и во место за пасење на овци.
Веќе една година наназад овој парк се уништува, скршена е целата урбана опрема, детското игралиште е во катастрофална состојба, местото е претворено во депонија, а сега најново се користи и за чување на стока.
Граѓаните се револтирани бидејќи им е уништен најблискиот парк во кој порано ги носеа и своите деца, а градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ кој во предизборието ветуваше многу за зелените простори и парковите го нема да мрдне со мал прст.