Скопје 14. февруари 2021. / 18:49

(ФОТО) Камионот за чистење снег заглавил на Водно – излижани му биле гумите!

(ФОТО) Камионот за чистење снег заглавил на Водно – излижани му биле гумите!

До редакцијата на Лидер пристигнаа фотографии, на кои се гледа дека механизацијата наменета за одржување и чистење на патиштата во главниот град, повторно била изненадена од снегот, кој паѓа веќе трет ден по ред.

Патот кој води од Скопје до Средно Водно денеска цел ден беше речиси непрооден, а огромна колона од возила заглавија позади камионот кој требаше да го чисти снегот.