Скопје 14. мај 2018. / 19:55

(ФОТО) Центар вака не смрдел никогаш – Богдановиќ ветуваше еколошка оаза, ама во оазава многу ѓубре

(ФОТО) Центар вака не смрдел никогаш – Богдановиќ ветуваше еколошка оаза, ама во оазава многу ѓубре

Преполни контејнери, страшна миризба и извор на потенцијална зараза, ваква е сликата што почна да кружи по социјалните мрежи од просторот кај Зелено Пазарче. Оваа слика во најстрогиот дел од Центар е секојдневие за сите кои живеат на овој дел од градот. Неподносливата миризба и хорор глетката која секој ден ја преживуваат овие луѓе не може да се опише со зборови.

Од предизборните ветувања за чист и зелен центар со нула отпад нема ништо. Она што важеше во предизборието не важи и сега. СДСМ 5 години ја има власта во Центар а не успеа никако да го реши овој хроничен проблем што ги мачи жителите на оваа општина.

Во својата програма Саша Богдановиќ на жителите на Центар им вети дека ќе се грижи за чистиот воздух и дека нема ништо поважно од здравјето на луѓето. Тој исто така вети дека го слушнал и го разбира крикот за чиста животна средина и дека ќе обезбеди услови за здрав живот на сите. Од овие работи не се оствари апсолно ништо.

Се поставува прашањето дали Богдановиќ кој има мерак за шетање низ Европа собрал некое искуство од таму кај што бил или безмилосно ги троши парите на граѓаните.

Богдановиќ е пример исто како и неговите партиски колеги дека пред да седнеш во фотељата се расфрлаш со ветувања ветуваш брда и долини без разлика дали е тоа остварливо или не, но кога ќе се соочиш со реалноста и видиш дека не можеш да исполниш речиси ништо од тоа што си го ветил те нема никаде.