Автобус на ЈСП со бројот 19 попладнево се расипал кај затворот Шутка, по што започнало да излегува чад од истиот, сведочат вознемирени патници за Курир.
– Шоферот откако се јавил и ги замолил надлежните да преземат нешто, тие му одговориле да го вози така автобусот, кој бил со околу 40 патници. Автобусот кој претходно го попречувал сообраќајот и ги загрозувал животите на сите патници се движел многу бавно, за да на крајот кај затворот целосно останал во дефект. – вели вознемирена патничка на ЈСП.
Таа додава дека сите патници биле вознемирени од одговорот на надлежните кој шоферот нервозно им го пренел на патниците и додал дека веќе два месеци возел неисправен автобус кој е во дефект.
Од ЈСП за Курир велат дека во текот на денешниот ден, до соодветната служба нема никаква дојава за наводно чадење/запалување во автобус на ЈСП на линија 19 во близина на затворот во Шуто Оризари.