Фотографии и видеа за тоа како депонијата кај селото Орман во Ѓорче Петров се полни со ѓубре стигнале до редакцијата на „Република“. На нив јасно се гледа дека камион со скопски регистерски таблички со ѓубре, шут и смет се растоварува на дивата депонија, која се наоѓа веднаш до реката.
Жителите од тој дел од градот апелираат дека ова за нив и населбата Орман може да биде сериозен проблем, загрижени дека депонијата се шири, сметот се разнесува, а смрдеата и заразите демнат.
Депонијата се наоѓа на клучката каде жителите на Воклово се вклучуваат на обиколницата. Тие уште во зимата апелираа дека сметот се разнесува и низ Волково, со што се зарозува здравјето, пред сè на децата, но и на сите жители од овој дел. Летото доаѓа, како што се шири депонијата ќе се шират и смрдеа и зарази.
Граѓаните уште во март пријавија во Инспекторатот на Град Скопје, директно кај директорот Мирослав Богдановски.
– Од таму испратија екипа од тројца инспектори кои дојдоа на 10 јануари. Фотографираа и тука заврши се. Не можеле ништо да направат. Ни рекоа сами да сме си нашле решение, не упарија во Сектор за Комунални работи. Тој сектор е под Град Скопје, како што е и инспекторатот, но нема интерес за решавање на проблемот, се пожалија тогаш граѓаните, пренесува Република.
Кон крајот на месец март општината исчисти дел од оваа огромна депонија, ама огромен дел остана.
Целиот текст може да го прочитате тука.