Општина Центар во соработка со Здружението за поддршка и развој „Хуманост“ формира мобилен тим со цел поголема колективна безбедност и превенција од вирусот Ковид-19.
– Поради новонастаната ситуација, а со цел да не остваруваат непосреден контакт со останати лица и да се изложуваат на дополнителна опасност, сите возрасни лица над 60 години на територијата на Општина Центар, кои се изнемоштени и имаат влошена здравствена состојба, можат да се обратат на телефонскиот број 077 963 672 – соопштија од Општина Центар.
Мобилниот тим, почитувајќи ги сите мерки на претпазливост, ќе дојде до домот, ќе им ја пружи потребната помош и поддршка на граѓаните, а дополнително и ќе им бидат обезбедени потребните прехранбени намирници, средства за хигиена и/или потребни лекови.