Скопје 10. април 2019. / 11:15

Еве кој делови од Скопје утре ќе останат без електрична енергија

Еве кој делови од Скопје утре ќе останат без електрична енергија

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од општините Центар и Карпош.

Од РЦУК Скопје информираат дека во периодот од 10:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. „Христо Смирненски” бр. 38. во Општина Центар, а од 11:30 до 14:00 часот корисниците од зграда бр. 17А на ул. „Московска” и околните објекти во Општина Карпош. /МИА.