Поради дефект на шибер од Ф-80мм на ул. Волгоградска 12 денес ќе има прекин во водоснабудвањето во овој дел од градот. Дел од корисниците од овој реон, поточно од ул. Волгоградска ќе останат без вода, и тоа во периодот од 09:30 часот, па се до отстранување на дефектот.
Прекин во водоснабдувањето е најавено и за корисниците на дел од улиците „Христо Смирненски“ и „Борка Талевски“. Прекинот е поради изведување на приклучок од Ф-100мм. Корисниците ќе бидат без вода од 9:00 часот до завршување на работата со приклучокот.