Во наредните шест месеци електричен автобус ќе сообраќа на линијата со број 15 од Карпош до Ново Лисиче.
Станиците за полнење ќе бидат поставени на последните станици на оваа линија. Целта на овој проект е да се види ефектот врз животната средина и заштедата на средства, со цел да може да се планира модернизација на градскиот сообраќај.
Потсети дека годинава е предвиден буџет за субвенции за набавка на екоавтобуси во висина од 100 милиони денари и за приватните превозници во висина од 20 милиони денари, како и оти во Скопје веќе сообраќаат два екоавтобуси на гас, на линијата број 5 и на линијата број 2.
Со пробното користење на овој тип автобус Градот ќе може да процени дали тоа би било вистинско решение за јавниот градски превоз.
Станиците за полнење на крајните постојки во Ново Лисиче и Карпош 4 се поставени со помош на ЕВН Македонија.
За пробното користење на овој електричен автобус градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, и генералниот директор на компанијата Chariot Motors, Милен Милев, на 16 февруари потпишаа договор. По истекот на пробниот период овој електричен автобус ќе биде понуден на ЈСП и на приватните превозници да го купат.