Скопје 22. ноември 2018. / 16:29

ЕК не потсетува: Скопје кандидат за Европска зелена престолнина 2021

ЕК не потсетува: Скопје кандидат за Европска зелена престолнина 2021

Градот Скопје кој пред релативно кратко време неколку пати се најде на топ 5 листата за најзагаден град на светот, аплицирал за наградата „Европска зелена престолнина 2021“. Европската комисија објави соопштение во кое се вели дека 21 град од 14 европски земји се натпреваруваат за наградата „Европска зелена престолнина за 2021 година“ и наградата „Европски зелен лист 2020“.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов пред една година најави дека неговиот план е Скопје да стане европска зелена престолнина во 2021 година.

За најзелен град за 2021 година се натпреваруваат: Будимпешта (Унгарија), Каљари (Италија), Дижон (Франција), Лахти (Финска), Лил (Франција), Скопје (Македонија), Стразбур (Франција), Тирана (Албанија), и Вестерос (Шведска).
Дванаесет независни, меѓународно признати експерти ќе ги оценуваат апликациите врз основа на 12 индикатори за животна средина, како ублажување на климатските промени, квалитетот на воздухот, бучавата, отпадот, водата, зелениот раст и екоиновациите, енергетските перформанси и управувањето. Овие награди се основани за да ги препознаат и наградат достигнувањата на пионерските градови во нивните напори за подобрување на животната средина и квалитетот на животот.

Инаку  мерните станици за аерозагадување во најзагадените реони во Скопје како Лисиче и Гази Баба, подолг период не се во функција.