Сообраќајот на улицата „Даме Груев” во Скопје денеска ќе се одвива со изменет режим.
Причината за стопирање на сообраќајот на оваа улица е поради потребите на „Скопје филм студио” за снимање на филмот „Хомо”.
Продукцијата информира дека сообраќајот ќе биде стопиран од 6 до 18 часот, а возилата ќе се пренасочуваат кон околните улици, со повремени пропуштања.