Едeн мотоциклист бил приведен поради сомнение за сторено кривично дело, во полициската акција која била спроведена вчера вечерта во Скопје.
Во сообраќајната контрола биле издадени 77 мандатни платни налози и 58 прекршочни налози за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообараќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи.
Од МВР информираат дека Одделението за безбедност на сообраќајот при СВР Скопје вчера во времето од 20 до 1 часот по полноќ, извршиле контрола на булеварот Партизански одреди и улицата Христијан Тодоровски – Карпош, со цел да ги санкционираат несовесните мотоциклисти кои дивеат по улиците.
Полицијата привремено одзела два мотоцикли кои имале вградено одделни системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема што се разликувала од основно вградените- издувни системи по член 53 од Законот за возила.
Од СВР Скопје велат дека ќе продолжат со спроведување на редовни контроли за спречување на организирање и учество на диви трки на мотоциклисти во Скопје.