Машко и женско лице, половина час пред полноќ се однесувале недолично во ресторан во центарот на Скопје, иформираат од МВР.
Случајот бил пријавен во полиција 40 минути по полноќ. Машкото лице фрлило две менија на земја, и по пет минути со женското лице го напуштиле ресторанот без да ја платат сметката.
Вработената излегла по нив надвор со сметката и им укажала дека не платиле, но машкото лице почнало да вика и да тврди дека ја платиле сметката и дека некој ги украл парите.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.