Скопје 31. јануари 2019. / 10:49

Двајца скопјани вчера пријавиле дека биле каснати од кучиња скитници

Двајца скопјани вчера пријавиле дека биле каснати од кучиња скитници

Вчера попладне во Полициската станица Аеродром, М.Д. (34) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 11 часот на булевар „Трета Македонска Бригада“, опшрина Аеродром, бил каснат од куче-скитник во пределот на десната нога.

Вчера околу пладне пак, во Полициската станица Карпош, С.Ц. (73) пријавил дека завчера, околу 11 часот на булевар „Партизански Одреди“ бил каснат од куче-скитник во пределот на левата нога.