Скопје 22. ноември 2020. / 16:20

Додека општините ги пренаменуваат средствата, Карпош и Аеродром одлучни дека ќе бидат украсени

Додека општините ги пренаменуваат средствата, Карпош и Аеродром одлучни дека ќе бидат украсени

Скопските општини во моментот се поделени во одлуките дали средства од нивните буџети да бидат пренаменети на новогодишно празнично украсување, или не.

Од општините Карпош и Аеродром се изјаснија дека ќе ги украсат нивните територии, од Центар велат дека оваа година китењето ќе го остават на кафулињата, рестораните и приватните објекти и парите ќе ги пренаменат за други цели, исто како што направија Кисела Вода и Ѓорче Петров.

Од општина Карпош и општина Аеродром коментираа дека украсувањето ќе биде чисто симболично на неколку пофреквентни локации и ќе биде остварено со намален буџет. Уверуваат дека ќе има доволно средства кои ќе бидат наменети на оние кои им е најпотребно.

Во општините Чаир и Гази Баба во тек се тендерите за набавка на декоративни работи, додека пак, од Градот Скопје се на два ума – дали да ја спроведат јавната набавка со цел да го украсат градот и да ја подигнат предновогодишната атмосфера во оваа време-невреме на пандемија со ковид – 19, или тоа да не го сторат.