Скопје 13. април 2018. / 14:22

Дипломат беснее по скопските улици: Вози лудо без да внимава на околината (ФОТО)

Дипломат беснее по скопските улици: Вози лудо без да внимава на околината (ФОТО)

Граѓаните на социјалните мрежи се пожалија од дипломат кој со бесен спортски автомобил правел „ршум“ низ градот.

На Фејсбук групата „Ѕид на Сообраќајниот срам“, граѓаните објавија фотографија од автомобилот и прашуваат дали некој знае од чија амбасада е.

„Дали некој знае кое дипломатско претставништво носи регистарски таблици кои почнуваат со реден број 58?

Или список на регистарските таблички на дипломатите во МКД?

Овој господин , постојано аздисува низ скопските улици, додека не настрада некој поради него…“ – стои во објавата на социјалните мрежи.