Скопје 21. март 2020. / 19:10

Дезинфекција на улиците во Батинци и главниот пат кон депонијата Дрисла

Дезинфекција на улиците во Батинци и главниот пат кон депонијата Дрисла

За да се заштити здравјето на граѓаните Градот Скопје, спроведена е акција за дезинфекција на улиците во населеното место Батинци, во близина на депонијата Дрисла.

Како што соопшти Град Скопје, во акцијата е употребено специјално комунално возило за оваа намена, а извршено е миење на повеќе улици во населеното место Батинци, како и на главниот пат од раскрсницата пред влезот во Драчево до клучката за влезот во депонијата Дрисла.

Активностите за чистење и дезинфекција на јавните површини во градот се со цел да се подигне нивото на јавната хигиена и да се заштити здравјето на граѓаните од ширењето на корона вирусот.