Скопје 01. април 2020. / 14:42

Дезинфекција на 20 социјални згради и 4 катни гаражи

Дезинфекција на 20 социјални згради и 4 катни гаражи

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републикава изврши втора дезинфенkција на четирите катни гаражи со кои стопанисува.

Станува збор за катните гаражи „Кресненско востание’’, „Разловечко востание’’,„Солунски конгрес’’и „Смилевски конгрес“. Дезинфицирани се и заедничките простории (скалишниот простор и гелендрите, лифтовите и патеките на движење).

Од претпријатието најавуваат дека ваква акција ќе биде реализирана и во следните три недели (еднаш неделно), а во случај на потреба ќе продолжи согласно препораките на Владата.

Во меѓувреме, продолжува и дезинфицирањето на 20-те социјални згради низ државата.

– По минатонеделниот третман со кој се уништуваат сите бактерии и штетни патогени микроорганизми на површините, стручните тимови ја повторуваат акцијата со која се опфатени лифтовите, влезовите на објектите, заедничките простории, скалишниот простор и гелендерите, информираат од претпријатието.

Дезинфекција е спроведено и во сите 11 подружници на претпријатието.