Како што ни кажа 20 годишната девојка, кучето кое ја гризнало не било обележано, додека другите две биле. Таа после инцидентот била во болница каде ја примила потребната терапија, а случајот го пријавила и во полиција.
Проблемот со кучиња скитници во Скопје како одминува времето станува се поголем и поголем. Само во месец април во полицијата се пријавени околу десетина случаи на напад на скопските улици.
Вчера во 20 часот 20 годишната М.Ј. во полициска пријавила дека истиот ден околу 18 часот на ул. „Стале Попов“ била нападната од три кучиња скитници, од кои едното ја гризнало во пределот на десната потколеница.
Редакцијата на Курир дојде до ексклузивни фотографии од раните со кои младата девојка се здобила во центарот на Скопје.
Младата девојка која побара да не биде објавено нејзиното име и презиме, за Курир кажа дека инцидентот се случил на паркингот на улицата „Стале Попов“. Како што кажа 20 годишната девојка прв пат кога поминале покрај кучињата не биле нападнати, меѓутоа на враќање три кучиња лаејќи се стрчале кон нив и едно од нив ја гризнало девојката кај потколеницата.
Како што ни кажа 20 годишната девојка, кучето кое ја гризнало не било обележано, додека другите две биле. Таа после инцидентот била во болница каде ја примила потребната терапија, а случајот го пријавила и во полиција.
Девојката за Курир изјави дека од полицијата ја препратиле случајот да го пријави на бројот 195, од каде пак ја препратиле според нејзините зборови да се јави во стационарот за кучиња „Вардариште“.
Помалку и шокантен е одговорот кој М.Ј. го добила од „Вардариште“. Од таму добила одговор „ќерко пази се, нема како да ти помогнеме“, вели девојката.
Таа ни кажа и дека ова не е прв случај каде кучињата скитници ги напаѓаат минувачите, дека тоа се случувало и во минатото
Инаку, исто така во центарот на Скопје, вчера беше пријавен уште еден случај на каснување од куче скитник. Во 13.00 часот во полициската станица Центар, Ј.Т. (59) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 12.10 часот, додека се движел на ул.„Кеј 13-ти Ноември“, од страна на куче скитник бил каснат за левата нога.
Инаку, градоначалникот на Скопје, многу пати во предизборната кампања ветуваше решавање на проблемот со кучињата скитници, за сега градоначалникот да вели дека во негово време кучињата скитници не се котат толку многу.
Во изјавата за Курир, 20 годишната девојка ни кажа дека после инцидентот страв ја фаќа само штом ќе слушне лаење од куче.