Најзагаден воздух, според апликацијата „Мој воздух“, вечерва во 19 часот е измерен во населбата „11 Октомври“, во општината Кисела Вода, односно 230 mg/m3.
Вечерва загадени се речиси сите поголеми градови во Македонија.
Кичево е многу високо загаден, заедно со Битола.
158 ПМ има на 100 микрограми во Кичево, а во Битола се измерени 156 ПМ на 100 микрограми.
Високо загаден е воздухот во Гостивар, Тетово, Куманово, Скопје, Кавадарци, Струмица. Средно загадено е Кочани, додека ниско загадени се Велес и Дебар.
Максималната граница, пропишана од Европската Унија за присуство на ПМ10 честички во воздухот е 50 микрограми во период од 24 часа.